Правилно одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбедат оптимални услови за функционирање на Вашето возило и истото да ги задржи перформансите во што подолг временски период.
Заради тоа, производителот препорачува програма за одржување на возилото, која се состои од точно дефинирани контроли кои треба да се вршат во определен временски период. Доколку возилото се користи поинтензивно, овие контроли треба да се вршат по одредениот број на изминати километри.
Контролите наведени во програмата за сервисирање, се дадени во упатството за користење и се поделени на:
одржувачко-сервисни операции кои се вршат на (30.000) 40.000, (60.000) 80.000, (90.000) 120.000, (120.000) 160.000 km (или на 24, 48 и 72 месеци) и
подмачкувачко-контролни операции кои се вршат на (15.000) 20.000, (45.000) 60.000, (75.000) 100.000, (105.000)
140.000, (135.000) 180.000 km (или на 12, 36 и 60 месеци).
Одржувачко – сервисните операции кои се специфични за секоја етапа од програмата за одржување во однос на изминатите километри, наведни во упатството за користење на возилото. Овие податоци се од општа природа и можно е истите да не ја покриваат целосно потребната контрола на Вашето возило.
Истите не ја исклучуваат потребата периодично да се изврши проверка, да се дополни течност или да се заменат делови кои со нормална употреба се трошат, а истите се третираат како потрошни материјали, кои не спаѓаат во гаранциски поправки. Такви се, на пример: облоги на кочниците, пневматици, спојки (корпа, ламела и потисен лагер), свеќички за палење, разводници, сијалички, метлички на бришачи и сл., согласно спецификациите наведени во Упатство за користење на возилото.
Доколку за време на програмираното сервисирање се констатира потреба од поправка на Вашето возило, сервисерот е должен да побара Ваша дозвола за нејзино извршување. Километрите наведени на сервисните купони се однесуваат на оние кои ги покажува километражата на возилото.
Доколку овој инструмент е заменет поради некоја причина останатите купони треба да се пресметаат согласно новата состојба на километражата. Вредноста на метеријалот, резервните делови и работната рака за извршената работа за програмираното сервисирање или за работи за кои, сервисерот дополнително ќе биде овластен од страна на сопственикот на возилото, ќе бидат во согласност со важечкиот ценовник на сервисната мрежа на Аутомобиле СК.
Програмата за одржување е направена така што овозможува максимална трајност на возилото. Заради тоа од интерес на сопственикот е при евентуална продажба на возилото, Гарантната книшка со заверените сервисни купони од страна на сервисната мрежа на Аутомобиле СК да се достави до новиот сопственик, како доказ дека возилото е правилно одржувано. Почитувањето на програмата за одржување на единствениот фактор кој ја одредува трајноста на возилото. Од голема важност е правилното користење и соодветната заштита на возилото.