Stelantis го најавува лансирањето на новата генерација возила кои наскоро ќе се произведуваат во историската фабрика на Stelantis која се наоѓа во Орден, во регионот Валенсиен (Франција). Се работи за моноволуменско возило на марката Fiat и средно лесно комерцијално возило на марката Fiat Professional.
Двата нови модели ќе бидат достапни во двете верзии ICE (мотори со внатрешно согорување) и 100% електрични (електрично возило со батерии – Battery Electric Vehicle). Конкретно, ендотермните мотори ќе користат дизел гориво во комбинација со рачен или автоматски менувач. Лесното комерцијално возило ќе понуди три конфигурации – фургон, комбе и кабина со платформа – за да ги задоволи сите професионални потреби за транспорт. Покрај тоа, и двата модели се создадени врз платформата EMP2 која, благодарение на својот модуларен карактер, овозможува да се одговори на специфичните потреби на различни пазари, приспособувајќи се на многу различни модели и сегменти. Доволно е да се каже дека возилата Peugeot Expert и Traveler, Citroen Jumpy и Spacetourer, Opel/Vauxhall Vivaro и Zafira Life се создадени на истата платформа.
Така, двете италијански марки се враќаат на трансалпската локација, каде се произведуваа некои од нивните најпознати модели: висококвалитетниот моноволуменец Fiat Ulysse, од 1994 до 2002 година, комерцијалното возило Fiat Scudo, од 1996 до 2016 година. Изградена во 1992 година , по историското заедничко вложување основано во 1978 година помеѓу тогашните Fiat и Групацијата PSA, индустрискиот комплекс стана „лулка“ на двете новини на Fiat и Fiat Professional, подготвен да одговори на предизвиците на новата урбана мобилност, сè поодржлива и пријателски настроена кон околината.
Инспирирани од успехот на нивните претходници, двата нови модели ќе го носат името Fiat Ulysse и Fiat Professional Scudo, ќе ја зајакнат палетата на марките од Торино и ќе направат понатамошен чекор во стратегијата за електрификација, како решение за нула емисии, наменети за многудетни семејства, возила за рекреација, транспорти со возач, професионалци и монтери. Всушност, реномираните и сигурни ендотермични верзии на двете возила ќе бидат опкружени со иновативните 100% електрични верзии кои секако ќе предизвикаат голем интерес во јавноста.
На овој начин, новата генерација на Fiat и Fiat Professional одговара на сегашната транзиција кон мобилност со „нула емисиии“. Особено, со зголемената употреба на лесни комерцијални возила во урбаните средини, делумно поради зголемената побарувачка за онлајн услуги за испорака, овие возила значително ќе придонесат за намалување на емисиите на штетни гасови во градовите. Исто како што патничките верзии ќе им овозможат на семејствата да уживаат во активен „зелен“ живот преку користење на иновативни технолошки уреди, извонредни нивоа на удобност, просторност на врвот на сегментот и напредни безбедносни функции.
Fiat Professional Scudo ќе може да се нарачува, во земјите каде има најголема побарувачка, во периодот од крајот на оваа до почетокот на наредната година, додека пак Fiat Ulysse ќе биде на располагање до првиот триместар во 2022.
Во овој контекст, Stelantis веќе игра водечка улога, за што сведочи неговото неприкосновено лидерство во сегментот на комерцијални возила во Европа и јасната желба да стане светски лидер во сегментот на електрични комерцијални возила. На крајот на краиштата, компанијата цели кон сеопфатна стратегија за електрификација, со која ќе снабдува со возила за восхит, пред сè иконските марки на компанијата, користејќи ги интерните способности, но и преку партнерства и заеднички вложувања, за да создаде напредни технологии по достапни цени. Во текот на следните три години, процесот за електрификација на комерцијалните возила ќе се прошири на сите производи и во сите региони, вклучувајќи ја и понудата на комбиња напојувани со ќелии со хидрогенско гориво до крајот на 2021 година.
До 2030 година, возилата со ниски емисии на Stelantis ќе сочинуваат преку 70% од понудата во Европа и повеќе од 40% во Соединетите држави, со инвестиција од преку 30 милијарди до 2025, во електрификација и во развојот на софтверот.