Во јуни Кан (Франција) беше домаќин на Меѓународниот фестивал на креативноста, меѓународен настан кој секоја година привлекува околу 9000 професионалци за рекламирање, дизајн и маркетинг од 90 земји од целиот свет. Клучниот момент на еднонеделниот настан е доделувањето на наградата Lions Award, за најдобрите продукции во тековната година.
Во категорија "Print and Publishing" престижниот “Сребрен лав” беше доделен на кампањата за Ducato "За оние кои го мразат одењето двапати", најголемото и најпознатото возило од гамата на Fiat Professional. Кога треба да се транспортира големо количество на предмети, често изнаоѓаме најразлични начини, честопати бизарни и живописни, да се однесат сите одеднаш, наместо на два пати. Тргнувајќи од ова сознание, заедничко кај сите занаетчии, градители и мали претприемачи, рекламната агенција Leo Burnett Germany произведе кампања за печатените медиуми која содржи три црно-бели слики/реклами и користејќи современ, софистициран и ироничен јазик покажува три професионалци – градинар, зарзаватчија и декоратер – кои се борат со огромни товари за да се движат. Ова е неочекуван, изненадувачки начин да се зборува за големата носивост на Ducato.
Всушност, Fiat Professional Ducato е бестселер на брендот, избран од страна на повеќе од 2,9 милиони клиенти повеќе од 35 години и шест генерации. Без оглед на тоа дека повеќе од 600.000 семејства патуваат во Fiat Ducato на база на motorhome – camper, Ducato е неприкосновен лидер во овој сектор и репер во категорија: повеќе од 75% од motorhomes – camper возилата во оптек денес се на база на Ducato. За да продолжи да игра водечка улога во сегментот, во 2014 година моделот беше рестилизран за да се приспособи на новите барања на клиентите, нудејќи им повеќе технологија, поголема ефикасност и поголема вредност.