Читателите на автомобилскиот магазин “4×4 Magazine” преку неговата интернет страна www.4x4mag.com, во конкуренција од седум возила, го прогласија Fiat Professional Fullback за “Pick-up на годината 2017”.
Новиот pick-up Fullback ја позиционира марката Fiat Professional во едно опкружување кое е во постојан развој, каде сегментот на pick-up возила во EMEA зоната претставува 22 % од целокупната продажба на комерцијални возила односно околу 650 000 возила годишно.
Едно име, една мисија
Fullback се адаптира на сите видови професионални дејности како и за забава.
Во детали, Fullback поседува четири конфигурации (единечна кабината, продолжена кабина, двојна кабина и шасија) и три нивоа на опременост. Сите верзии на Fullback имаат максимална висина од 1,780 mm и се до 1.815 mm широки со меѓуоскино растојание од 3.000 мм. Должината варира во зависност од конфигурацијата – 5155 мм (единечна кабина), 5275 мм (продолжена кабина), 5285 мм (со двојна кабина). Исто така, на должината на карго просторот се менува – 2265 мм (единечна кабина), 1.850 мм (пролжена кабина) и 1.520 мм (со двојна кабина). Капацитет на носивост, во зависност од конфигурацијата, доаѓа до 1.100 кг.
Fullback е достапен со 2,4-литарски турбо дизел мотор од алуминиум со две моќности – 113kW (150hp) или 133kW (180hp) – во комбинација со нов шест-брзински мануелен менувач или пет- брзински автоматски менувач со спортски режим, со погон на задни тркала или 4х4.
Fullback е официјално возило на светскиот шампионат во Motocross MXGP, каде партнер е Fiat Professional.