Од 10 до 18 септември, во Парма се одржува Саем за кампинг возила 2016, најважниот саем во Италија и втор по важност во Европа посветен на возилата caravanning , каде ќе учествува и Fiat Professional – лидер во индустријата на трансформирани возила за секојдневен живот. Фановите ќе може да уживаат во возила со највисоко ниво на опременост и иновативна технологија. Сите светла се насочени кон Fullback pick-up, мултифункционалниот Talento и шестата генерација на Ducato.
Новиот мотор Euro 6 Multijet2 е најдобар во класата во делот на ефикасност и висок вртежен момент при мал број на вртежи и е составен дел од изложените модели. Моторите 130, 150 и 180 Multijet2 исто така се на располагање со “Comfort Matic” роботизиран менувач за релаксирано возење.
Ducato нуди директен и возбудлив контакт со природата; ги поседува сите елементи за посебен стил на живеење кој се бара од кампинг возилата.