Од 27 август до 4 септември, во германскиот град Дизелдорф ќе се одржи Саемот на кампинг возила .
Fiat Professional секако нема да го пропушти овој престижен настан, за да го претстави шестиот редизајн на својот best-seller Ducato кој поседува идеална шасија за туризам под ведро небо. Со бројните можности на персонализација овој модел претставува прв избор на европските производители на кампинг возила.
Новиот мотор на Ducato Euro6 Multijet2 котира највисоко во изборот на возачите на кампинг возила поради својата ефикасност и висок вртежен момент при ниски режими. Моторите 130, 150 и 180 Multijet2 се на располагање со новиот роботизиран менувач “Comfort Matic” како и со системи за сигурно возење со помошни уреди.
Марката Fiat Professional исто така нуди и комплетни интегрирани решенија креирани во соработка со Mopar за да им обезбеди на возачите релаксирано патување за време на одморите.
Да се патува со кампинг возило изработено врз шасија на Ducato значи да се има пристап до високо развиени технолошки мотори кои истовремено ја почитуваат и човековата околина.
Веќе 35 години, од раѓањето на Ducato, производителите на кампинг возила гарантираат уште поголема слобода во патувањата како и директен и возбудувачки контакт со природата.
Индустријата на рекреативни возила во 2016 ќе го достигне својот максимум по бројот на новорегистрирани возила, Fiat Professional – оваа година комерцијализира комплетна гама која ќе обезбеди рекордна бројка на продадени верзии на Ducato