Fiat Professional на својот штанд ја претставува комплетната гама на комерцијални возила, секое од нив со осмислена и изведена опрема за специфична намена за да може клиентот да се поддржи во работата на најдобар можен начин.
Ducato: најпродаваниот модел во гамата на Fiat Professional е лидер на европскот пазар во вистинска смисла на зборот и во Хановер ја претставува сета своја способност да се реализира во возило за одредена намена: од активностите како “street food” до мобилна работилница MEC (Mopar Express Care), од кабина со платформа до возило без кабина само со платформа, дизајнирани и доставени како база за најразновидни видови на опремување меѓу кои и кампер (70% од камперите продадени во Европа се на база на Ducato), возила како средство за работа, за влечна служба, транспорт на коњи и мобилни продавници. Меѓу другото, Fiat Professional соработува со најдобрите опремувачи во Европа, меѓу кои AL-KO, лидер во секторот за изведување на специјални возила.
Fiat Professional ја претставува и најшироката еколошка гама на пазарот: освен Ducato Minibus Natural Power, за одржлив транспорт, понудата ја комплетираат Doblò, во верзија на фургон со долго меѓуоскино растојание, агилното Fiorino, и двете возила со конфигурација Natural Power на метан, кои го потврдуваат лидерството на FCA во продажбата на CNG возила со преку 720.000новорегистрирани автомобили и комерцијални возила.
Штандот на Fiat Professional го комплетираат прекрасните Fullback Cross Concept by Garage Italia и Talento Shuttle by Irmscher. И двете нивоа на опременост го искажуваат карактерот на lifestyle, повеќенаменски и возила кои овозможуваат да се издвојат од секојдневието и овозможуваат максимално да се доживее секој момент од денот.
На Саемот во Хановер се лансира Mopar® Connect Fleet, сет на услуги за поврзан автомобил кој обезбедува сигурност и управување со флотите на возилата на FCA за менаџерите за флота на малите и средните претпријатија.