Новото Дукато на Fiat Professional ја освои престижната награда “What Van?” во категоријата “Large Van of the Year” 2022 и триумфира како апсолутен “Van of the Year”.
Новото Дукато е прво комерцијално возило кое е опремено со напредните системи за помош на автономно возење (ADAS) од ниво 2.
E-Ducato во верзија Minibus ја освои наградата “Minibus of the Year”.
Во Велика Британија Fiat Professional триумфира на конкурсот “What Van?” Awards 2022, co новото Дукато кое ги освои наградите “Van of the Year” и “Large Van of the Year”, додека пак E-Ducato во верзијата Minibus ја освои наградата “Minibus of the Year”.
Судиите го избраа Новото Дукато поради неговата извонредна понуда на технологија, слеаниот рачен менувач и автоматскиот пренос со девет брзини.
Новото Дукато е првото комерцијално возило воопшто кое е опремено со напредните системи за помош при автономно возење (ADAS) од ниво 2, наменети да го подобрат доживувањето при возење и да го направат Новото Дукато посигурен амбиент за работа или за во слободното време.
Интеграцијата на технологии како што се Адаптивниот темпомат (Adaptive Cruise Control), Помош за одржување во коловозна лента ( Lane Keep Assist) и помош при гужва во сообраќајот (Traffic Jam Assist) гарантира независна асистенција за време на возењето, при забрзување или кочење, овозможувајќи му на Новото Дукато да го достигне нивото 2 на автономно возење.
Останатите технологии кои ги среќаваме се ограничување на брзината, контрола на кочењето во случај на наидување на непредвидливи препреки како што се пешаците или велосипедистите, препознавање на патните знаци и набљудување на однесувањето на возачот.
Џејмс Далас, издавачот на “What Van?”, прокоментира: “Fiat Professional Дукато продолжува да се издвојува со новите технологии и напредни автономни системи за помош при возење (ADAS), со новиот рачен менувач и извонредниот автоматски менувач со девет брзини”.
“Новото Дукато е пријатно за возење, практично средство за пренесување на товар и претставува совршен „противотров“ за секојдневната рутина како што е отчукувањето со картичка при доаѓање на работа”.