FIAT PROFESSIONAL Е ПОВТОРНО ОФИЦИЈАЛЕН СПОНЗОР НА FIM MOTOCROSS WORLD CHAMPIONSHIP MXGP

FIAT PROFESSIONAL Е ПОВТОРНО ОФИЦИЈАЛЕН СПОНЗОР НА FIM MOTOCROSS WORLD CHAMPIONSHIP MXGP

Започнува FIM Motocross World Championship MXGP и, втора година по ред, марката на Групацијата Gruppo FCA наменета за комерцијални возила ќе биде негов Официјален спонзор. Партнерството е засновано на вредностите како што се страст, решителност и пожртвуваност: затоа, брендот го избра Тони Каироли за свој амбасадор

2017 за Fiat Professional се отвора со обновување на престижното партнерство кое го прави учесник на Светскиот Шампионат во Мотокрос MXGP, кој започна на 25 февруари на стазата Лосаил во Катар. Ќе се одвива од февруари до 1-ви октомври во 20 етапи поделени во Европа, Соединетите држави, Катар, Аргентина и Мексико и секоја трка ќе биде следна од преку десетина милиони гледачи преку медиумската покриеност низ целиот свет.

Благодарение на ова партнерство, за време на трките публиката ќе може да се воодушевува на возило од гамата на Fiat Professional, кое ќе биде дел од настанот уште од самиот почеток во изданието “full liner” и кое e во состојба да одговори на предизвиците на пазарот кој станува сè понкурентен. Специјален амбасадор на овој спој од четири и две тркала ќе биде Тони Каироли, иконата на италијанскиот спорт и осумкратен Светски шампион во специјалните и второпласиран на крајот од минатата сезона. Партнерството меѓу Fiat Professional и FIM Motocross World Championship MXGP, всушност, се базира на автентичните вредности како што се страста, решителноста и пожртвуваноста: истите идеали кои ги поседува и Тони Каироли кој секогаш се одликува со голема издржливост и храброст кога се соочува со challenge attitude на Fiat Professional. По големите успеси, постигнати во текот на 2016, Fiat Professional се подготвува да ја проживее и 2017-та подготвен да одговори на предизвиците на пазарот.

Fullback ќе биде “product hero” од официјалната флота на FIM Motocross World Championship MXGP и така ќе ги покаже сите свои квалитети во однос на конфигурацијата, димензиите и моторите. Fullback е создаден врз основа на вистинските потреби на професионалните клиенти, но поседува голема флексибилност која го прави употреблив во секоја прилика и за секоја употреба веднаш штом ја облечет работната униформа.

Нема да недостига Ducato, вистински “трендсетер”, прилагоден за сите потреби за настан од глобални рамки, како што е FIM Motocross World Championship. Бестселерот на марката Fiat Professional ќе може да ги искаже своите способности и во товарна и во патничка верзија, како и во верзијата на подвижна канцеларија која може да ги задоволи сите потреби на возачите и на сите спортисти кои ги сочинуваат спортските екипи.

Тука ќе се најдат и верзиите кампер, уште една силна страна на брендот: доволно е да потсетиме дека во последните две години во Европа повеќе од 3 кампери од 4 продадени, се на основата на Ducato.Меѓудругото, читателите на германското специјализирано списание Promobil го избраа токму Ducato за “Најдобра основа за кампери за 2017”, со што го потврдија неговото лидерство во секторот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас