FIAT ги претставува новите Doblò и Е-Doblò, водени од генијалноста на секојдневните активности

FIAT ги претставува новите Doblò и Е-Doblò, водени од генијалноста на секојдневните активности

  • Fiat продолжува со брзиот развој на понудата на целосно електрични производи и го лансира новото Е-Doblò.
  • За разновидна намена, пространо, флексибилно и погодно за сечии потреби, новото Doblò нуди иновативни и генијални решенија за подобрување на секојдневното возење.
  • Достапно и во патничка верзија, само во електрична и во верзија комбе, Doblò е совршена алатка за низ град.
  • Fiat Е-Doblò е трето целосно електрично возило во палетата на производи на FIAT и FIAT PROFESSIONAL.
  • 100% електричен мотор, првокласна автономија и богата понудат на системи за безбедност при возење.
  • Новото Doblò во комби верзијата ќе обезбеди и широка палета на термички дизел и бензин мотори.

НОВО DOBLÒ И Е-DOBLÒ, СОВРШЕНА АЛАТКА ЗА НИЗ ГРАД

FIAT и FIAT PROFESSIONAL ги претставуваат новите Doblò и Е-Doblò, петтата генерација на моделот што отелотворува две комплементарни души. Благодарение на генијалните и иновативни решенија, кои го прават возењето низ град помалку стресно и побезбедно, новото Doblò е всушност идеален партнер за семејствата во патничка верзија и возилото погодно за сите потреби на професионалците во комби верзијата.

Исто така, со лансирањето на новото Е-Doblò, марката ги продолжува процесите на електрификација започнати во последните години: до 2024 година FIAT има за цел да понуди целосно електрична верзија за секој нов модел во Европа и со тоа да понуди целосно електрична гама до 2027 година. Потоа, новото Е-Doblò постигнува двојна пресвртница: тоа е трет електрифициран модел за FIAT, по дебито на Новиот 500 и E-Ulysse, и трето електрично возило за FIAT PROFESSIONAL, по E-Ducato и Е-Scudo.

Двата нови модели ја прошируваат својата гама за да ги задоволат потребите на сите, транспортни професионалци или динамични семејства, со допир на италијанска генијалност што ја поседуваат сите производи на FIAT.

Последната генерација на победничкиот модел во сегментот C-VAN, новото Doblò е највисоко ниво во однос на разновидноста на намената, носивоста и безбедноста. Флексибилно, пространо и возило дизајнирано да ги задоволи потребите на разновидна клиентела, Doblò е совршена алатка за низ град. Doblò VAN е достапен и со електричен и со мотор со внатрешно согорување.

FIAT PROFESSIONAL DOBLÒ – ДОВЕРЛИВ СОРАБОТНИК БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГОВИТЕ МАГИЧНИ МОЖНОСТИ

Како одговор на неговата флексибилна природа, новото Doblò е достапно со две должини и три различни конфигурации (VAN, Crew Cab, Combi) и нуди широка гама на мотори, кои  способни да ги задоволат сите потреби.

Широката гама ги има предвид потребите на професионалците кои го користат своето возило осум или повеќе часа на ден и затоа удобноста е уште еден важен аспект во фазата на дизајнирање. Целта е да се понуди работење без стрес, благодарение на решенијата како што се звучна изолација на високо ниво и суспензии дизајнирани да ги минимизираат потресите и вибрациите.

“Magic Features” – Магичните можности на Doblò му даваат можност на возилото да даде максимум во поглед на модуларноста, одржливоста и безбедноста со што го прават партнер во работата со потполна доверба, разновидна намена и флексибилност.

Опционалот “Magic Cargo” – Магичен товарен простор од 0,5 m3, овозможува товарење на долги предмети, како што се цевки или скали, благодарение на капацитетот на товарниот простор со должина од 3,4 m. На совозачката страна пак, може да се извади седиштето со што кавината станува уште попросторна и просторот да се искористи за сместување на кутии или кршливи предмети.

На располагање е и средишна масичка на вртење која го претвора Доблò во мобилна канцеларија, во зависност од потребите.

Magic Mirror пак, е дигитален ретровизор од 5″ кој овозможува три различни погледи: класичен ретровизор, целосен поглед во пределот на мртвата точка и задна камера, со што се обезбедува поголема видливост и безбедност.

Конечно, благодарение на технологијата Magic Plug, на располагање само на верзијата Е-Doblò, електричната енергија која ја произведува батеријата може да биде употребена за посебните потреби како што се фрижидер на карго или клупа за работа со електрични уреди.

Е-Doblò нуди, и во целосно електрична верзија, првокласна носивост – до 800 kg на двете оски – што овозможува да се натоварат до 2 евро-палети; додека во верзијата со термички мотор, Doblò достигнува капацитет до еден тон. Достапно и во верзии со долго и со кратко меѓуоскино растојание, Доблò е подготвено за секоја прилика: верзијата со долго меѓуоскино растојание достигнува максимална зафатнина од 4,4 m3, благодарение на Magic Cargo. Верзијата Crew Cab Van со долго меѓуоскино растојание овозможува единствена модуларност и различни можни конфигурации помеѓу просторот за седење и товарниот простор, благодарение на лизгачката преграда, со што се овозможува модулирање на товарниот простор или патничките седишта, според потребите.

Заедно со електричната верзија, на располагање се два мотори дизел: од 1.5 литар во верзијата со 100 КC co рачен менувач и од 1.5 литар со 130 КC, на располагање како со автоматски пренос со 8 брзини, така и со рачен менувач. Понудата е комплетирана со безнински мотор од 1.2 литри со 110 КC. 

НОВО Е-DOBLÒ: НАЈБАРАНО ОД СЕМЕЈСТВАТА

Во патничката верзија на возилото, новото Е-Doblò може да ги задоволи потребите на целото семејство (вклучувајќи ги и „крзнените пријатели“), благодарение на неговата пространост, разновидност и неговиот капацитет за влечење од 750 kg. Волшебно место од каде можете да го набљудувате градот: Е-Doblò може да биде опремено, по барање, со заден прозорец што може да се отвори (Magic Window).

Неговите димензии, должина 4,4 метри, ја гарантираат подвижноста која е неопходна во градската средина, додека пак внатрешната конфигурација – до 3 единечни седишта во вториот ред, кои може да се преклопат за да се зголеми носивоста – обезбедува максимална разновидност на намената и пространост за патниците при нивните најразновидни секојдневни предизвици. За да се обезбеди максимална безбедност, системот Isofix, стандардизиран систем за прицврстување на детско седиште во автомобилот, е достапен во сериска опрема на сите три задни седишта.

Функционално и возило за рзновидна намена за секој оној којшто сака да ја истакне целата своја личност. За преселба, патување со пријателите или семејството до авантуристичка дестинација или спортско патување, Доблò совршено се прилагодува на потребите на сите патници.

За уште повеќе да се подобри разновидноста на верзиите, ќе биде достапен и Magic Top, панорамски стаклен кров кој нуди повеќе простор за складирање во преградите благодарение на проѕирната полица и задната полица  на кровот, достапна и однатре и однадвор на возилото. Дополнително, опционалот Magic View, функција којашто ги олеснува маневрите при паркирање благодарение на камерата од 180°, која нуди целосен приказ на она што е веднаш зад возилото. Достапно во сериска опрема, радиото DAB од 8“, компатибилно со Apple Carplay/Android Auto за подобрување на мултимедијалното доживување.

Новото Е-Doblò дебитира во Италија со специјално издание кое изобилува со содржини: LAUNCH EDITION, во сина, Blu Mediterraneo, боја, коде се вклучени Launch Pack (шипки за товар на кровот, Magic Window, црни алуминиумски тркала од 16“, ретровизори со електрично преклопување, затемнети задни прозорци со електрични команди), волан мек на допир soft touch, 10” дигитална инструмент-табла и Magic Top. Комплетната гама ќе биде достапна во наредните месеци.

100% BEV БЕЗ КОМПРОМИСИ

Новотo Е-Doblò е опремено со електричен мотор со моќност од 100 kW, батерии од 50 kWh и над 280 km автономија во циклусот WLTP. Благодарение на новиот мотор, новотО Е-Doblò достигнува максимална брзина од 130 km/h и максимален вртежен момент до 260 Nm. Верзијата со нула емисии, исто така, може да се пофали со единствена флексибилност од гледна точка на мисијата на корисникот и најдобар капацитет на полнење во класата, благодарение на режимот за брзо полнење „Quick Charge“ до 100 kW, што овозможува полнење во директна струја до 80% на батеријата за само 30 минути.

Возачот може да избира помеѓу различни режими: Normal, Eco и Power. Секој режим го модифицира возниот одговор на возилото, подобрувајќи ги и оптимизирајќи ги неговите перформанси: „Normal“ се препорачува за возење во секојдневниот сообраќај; „Eco“ ја подобрува заштедата на енергија, а „Power“ ја подобрува максималната моќност на возилото.

Воведувањето на пакетот со батерии не доведе до структурни промени: Е-Doblò е достапно со истите димензии, карактеристики и конфигурации на верзијата VAN со мотори со внатрешно согорување.

БЕЗБЕДНОСНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ

Новото Doblò е опремено со активни безбедносни системи кои му помагаат на возачот додека вози, овозможувајќи му да ужива во патувањето во целосна безбедност. Возилото нуди комплетен пакет на безбедносни карактеристики, вкупно 17, и системи ADAS (Advanced Driver Assistance Systems), што го поставуваат возилото на врвот на сегментот.

На патничката верзија, во сериска опрема спаѓаат следниве системи:

  • Traffic sign recognition (Препознавање на сообраќајни знаци): автоматско препознавање на сообраќајните знаци поставени на патот;
  • Forward collision Warning (Предупредување за фронтален судир) и Active Safety Brake (Активна кочница во ненадејна ситуација): автоматско кочење во ненадејна ситуација која се активира за да избегне (или за да ги намали последиците од) директнен судир;
  • Lane Keeping Assist (Одржување во коловозна лента), го предупредува возачот ако возилото

излегува од коловозната лента и постепено да го враќа во истата;

  • Driver Attention Alert (Предупредување за замор на возачот), ги следи вниманието и активноста на возачот и сигнализира кога е време да се одмори и да направи пауза.

За да понуди оптимални перформанси и подобар погон во секакви временски услови, снег, кал или песок, системот Grip Control (контрола на тргнување) е достапен на Доблò Van како опционал, додека системот Hill Descent Control (помош при тргнување на угорнина или удолнина) овозможува совршена контрола на возилото на наклони поголеми од 3%.

Конечно, екранот кој се појавува на шофершајбната му ги обезбедува на возачот сите најважни информации без да го одвлекува вниманието од патот, додека предните и задните сензори за паркирање и задната камера овозможуваат многу поедноставени и безбедни маневри за паркирање.

Сосем новите Doblò и Е-Doblò ќе се произведуваат во фабриката на Стелантис во Шпанија (Виго), со изкористување на придобивките од ефектите на обемот на производство. Новото Doblò ќе ја искористи постоечката и успешна програма K9 која им служи на другите марки кои се дел од Групацијата Стелантис.

Ви треба информација? Разговарајте со нас