За Ducato продолжува непрекинатата долга серија на меѓународни награди: по тринаесетти пат по ред ја освојува титулата “Најдобра основа за кампери 2020” победувајќи ги своите конкуренти. Престижното признание му е доделено од страна на читателите на Promobil, специјализираното германско списание кое повеќе од 25 години претставува значајна референтна точка на тенденциите во секторот на возила за рекреација.
Непрекинато се произведува од 1981 во фабриката Севел во Вал ди Сангро (CH, новото Ducato MY2020 се развива за да одговори најдобро што може на секоја професионална потреба и предвидува значајни новитети и за верзијата Ducato, шасија за кампер, стремејќи се постојано да ја зацврсти својата доминација во секторот: во текот на последниве 10 години повеќе д 500.000 семејства во Европа го избраа токму Ducato како основа за нивниот кампер.
Поголеми новитети кои ги воодушевуваат корисниците на возила од секторот возила за рекреација, секако е новата автоматска трансмисија “9Speed” која обезбедува релаксирано и допадливо возење, ги подобрува перформансите и ги намалува потрошувачките во секоја ситуација. Отсекогаш силните точки на Ducato, основа за кампер, е гамата на мотори, која денес се подновува со новиот дизел мотор Euro 6d-TEMP од 2,3 литри, солиден и истраен, но моќен да гарантира перформанси и комфор за возење со четири нивоа на моќност и тоа: 120, 140, 160 и 180 КC. Сите се опремени со технологијата Multijet 2, и секој од моторите поседува специфични конструктивни карактеристики, како дизајнот на турбокомпресорот, на клиповите и на динамиката на течностите. На располагање се и најнапредните системи за асистенција при возење (ADAS) за сигурни и спокојни патувања, како и специфични суспензии за кампери и една долга серија на содржини кои гарантираат максимален комфор.
Ducato основа за кампер на Fiat Professional е вистински “Лидер во слободата” и неговата доминација се потврдува преку една извонредна низа на меѓународни признанија, меѓу кои се истакнува престижната германска титула “Најдобра основа за кампер”, која ја потврдува довербата на корисниците во моделот Ducato кој е идеална основа за рекреација. Притоа, Fiat Professional е единствениот бренд кој има свој тим посветен кон проучување и осознавање на потребите на корисниците на возилата за рекреација, “потврден” со логото ” Fiat Professional за ррекреативни возила”, како и за што поголема специјализација во однос на производите и услугите за сопствениците на кампер, што гарантира максимално ниво на флексибилност и слобода за секој корисник.