Ducato, благодарение на многубројните варијанти на каросеријата на квадратната и правилна форма на товарниот простор, на разновидната основаи на возните карактеристики како на автомобил е најпродаваното возило на главните европски пазари. Во секторот кампер, за 2017 се предвидени преку 106.000 новорегистрирани возила, бројка еднаква на зголемување за 10 проценти во однос на минатата година. Ова значи дека по глобалната криза која започна во 2009, пазарот се поврати, и забележива пораст од 60 проценти во продажбата. Овие податоци се силен сигнал за враќање на раширената тенденција “за живот на природен начин “, да се пронајде личниот однос кон природата. Камперот е секогаш “lifestyle enabler”, тој не е само обично возило за на одмор, туку и инструмент на слободата што овозможува да се отиде каде се сака и кога ќе се посака..
И оваа година, по десети пат моделот, симбол на Fiat Professional, е избран од страна на читателите на престижното германско списание Promobil за “Најдобра основа за кампер “, и со тоа го потврдуваат лидерството во секторот на motorhome
Долго искуство, развиен пристап
А сега, за оние кои бараат максимална слобода, за оние кои сакаат да патуваат “на отворено ” или се во потрага по екстремни авантури, Ducato се појавува и со верзија 4×4, за прв пат претставена во форма на изложбено возило.
Ducato 4×4 е возило од типот “all terrain” со интегрален погон која енормно ги проширува можностите за патување во motorhome. Интегралниот погон е од перманентен тип, co две кутии на поврат и вискозна централна спојка со автоматско функционирање. Уредот обезбедува точна распределба на погонската сила помеѓу предните и задните тркала, подобрувајќи го погонот на кал, снег и песок. Движечката група е поместена, така што не зафаќа многу простор под шасијата и не го ограничуваат просторот за сместување, што е отсекогаш клучна карактеристика на Ducato camper. Ducato 4×4, нуди и солидни карактеристики, како и неопходни перформанси за да се соочи со сите терени и да се искористи до максимум корисната носивост.
Верзијата 4×4 совршено ги претставува можностите на брендот Fiat Professional да претчувстуваат, претходат и да ги задоволат новите потреби на пазарот со компетентност која е речиси едновековна. Концептот за рекреативни возила е роден во двесетите години од минатиот век кога автомобилот го надминува статусот на престиж за да навлезе на распространет начин во општеството. Во истиот тој период, некои од пионерите во туризмот en plein air (на отворено) замислил дека автомобилот може да го користи не само како превозно средство, туку и како полиедрично и рекреативно средство. Fiat беше веќе на сцената и имаше можност да ги задоволи ваквите нови и амбициозни потреби бидејќи располагаше со гама на производи како што беа автомобили и лесни комерцијални возила кои беа основа за првите авантуристички трансформации. Вистинскиот момент на пресврт беше распространувањето на возила, смислени за кампување кон крајот на шеесетите години од минатиот век : овој тип на туризам влезе во мода меѓу младите генерации , и марката Fiat веднаш одговори на потребите и во 1967, беа произведени 238 возила, од кои половината годинава го прославуваат педесетиот роденден. Располагаше со извонреден капацитет на товар во однос на тогашните стандарди и воведе архитектура “сè однапред “, co мотор во предниот дел од возилото, преден погон, со што била дадена извонредна можност за трансформација на камперот бидејќи одзади бил оставен широк простор за секаква адаптација.
Тоа беше период на зазорување на камперството, но правецот и филозофијата веќе беа добро исцртани. Токму по оваа патека, со секогаш префинето напредување се движеше марката Fiat Professional која сега има можност целосно да го искористи ваквиот бекграунд прифаќајќи ги новите можности на пазарот кој е во постојан развој. Свртување кон клиентот кој со новата генерација на Ducato од 2006 го пронајде својот максимален израз: всушност, овој модел беше првиот развиен врз принципот на проект со гама наменета за трансформација во кампер. Од овој момент секој кампер базиран на Ducato можеше да ужива привилегија да прерасне во вистински кампер: не само адаптирано средство, туку “природен кампер “, coсилата на длабоко искуство. И не само тоа: пристапот на Fiat Professional е реално глобален и не завршува само на производите. Потребите на кампувачите се добро познати, се земаат предвид и се поддржани со гама услуги кои, од година во година ја збогатуваат така што постојано ја приближуваат до секој клиент.
Ducato 4×4, со еден збор, доаѓа од многу далеку за да стигне насекаде, потполно сигурно.