Читателите на специјализираниот германски авто магазин Promobil го одбраа Ducato за “Best Motorhome Base Vehicle 2017”, со што се потврдува неговата доминација на европскиот пазар во светот на кампинг возилата. Три од четири кампинг возила се изработени на платформата на Ducato.
Дукато е знаменосецот на Fiat Professional и се позиционира како неприкосновен лидер во делот на големи комби- возила од 2,8-4,4 тони. Во 2016 година беше најпродаван модел во тринаесет европски земји во сегментот на кампинг возила. Денес, три од четири сопственици на кампинг возила патуваат со Дукато кој е продаден во над 500.000 примероци за повеќе од десет години.
Fiat Professional е особено посветен и внимава на потребите на корисниците на кампинг возила. За таа цел посвети и посебна веб страна https://www.fiatcamper.com/en/home со над 52,000 посети на месечно ниво како и Facebook страна “Fiat Ducato Camper” со повеќе од 50,000 фанови и апликација Fiat Camper Mobile кој е превеземена повеќе од 90,000 пати.