Трет пат едноподруго Doblò Cargo Fiat Professional ја доби титулата “Light Van of the Year” добивајќи ја престижната What Van? Awards 2018.
На церемонија на доделување на наградата во Лондон која беше особено успешна за за Fiat Professional, Fiorino, популарниот модел на марката беше поканет во категоријата “Small Van”, да ги покаже атрактивните страни во линијата на лесни комерцијални возила на Fiat Professional.
Капацитетот на Doblò Cargo за транспорт е до еден тон, обемот на товарниот простор е до 5,0 m3, а камата на ефикасни мотори од 1,3 до 1,6 литри и бензин од 1,4 литри го направија лесното комерцијално возило повеќе пати наградувано не само за оператори на флоти, но и за жири комисијата на конкурсот.
Жирито беше импресионирано со извонредните квалитети во неговата категорија на Doblò Cargo, вклучувајќи ги одличните динамика и комфор, како резултат на неговите софстицирани суспензии bi-link, капацитетот на товар и волуметрија на врвот во сегментот и неговата солидност, робусноста и широката гама.
“Фактот што Doblò Cargo ја доби наградата Light Van Award трет пат по ред едноподруго претставува евидентен доказ на неговиот квалитет на траење – изјавува Џејмс Далас, уредникот на What Van? -. Изразено лесни возни својства и издигнат стандард во квалитетот на изработката помеѓу квалитетите на Doblò, како и ширината на гамата го прави уникатен, co обем на товарен простор 3,4 m3 и 5,0 m3 и капацитет на носивост кој се движи од 750 kg до максимум 1,005 kg”.
Кога ја доби наградата Doblò Cargo, Ричард Чемберлен, Country Manager Fiat Professional, потврди: “Премногу сме горди и на Doblò и на Fiorino и чест нѝ е да присуствуваме на приемот на двојната награда со огромна вредност за нашиот бренд.
“Овие признанија се особено значајни затоа што се доделени од страна на доделени од страна на комисија составена од експерти, вистински познавачи на пазарот за лесните комерцијални возила, кои одлично ги познаваат потребите на клиентите. Наградите се дополнителен доказ за силата и конкурентноста на линијата на лесни комерцијални возила Fiat Professional, кои неодамна добија поддршка со доаѓањето на Talento и на пикапот Fullback со што се направени огромни чекори напред од страна на брендот, кои постојано расте и го подобрува своето реноме “.
Благодарение на подновениот дизајн, однатре и однадвор, Fiorino е иделано за користење во град, агилно е во сообраќајот и лесно за паркирање. И покрај тоа, има извонреден капацитет на товар до 2,8 m3 и може да превезува до 660 kg корисна носивост. Инаку, Fiorino е лидер во поглед на перформансите, ниските работни трошоци, комфорот и функционалноста.