FIAT Professional Ducato ја продолжува серијата на победи: шеснаесетти пат по ред, читателите на германското специјализирано списаное “Promobil” го изгласаа за “Најдобро основно возило за кампер”. Годишниот избор на читателите на германското списание е важен и значаен репер за трендовите во Секторот за рекреативни возила повеќе од четврт век, и ја потврдува важноста на оваа награда.
Секторот за рекреативни возила е историски и стратешки бизнис за FIAT Professional и основните возила за кампери сочинуваат значајна квота во вкупното производство на моделот Ducato. Престижното признание за ” Најдобро основно возило за кампер 2024″ на јасен начин ја потврдува довербата на клиентите кои му ја укажуваат на FIAT Ducato Professional како идеален придружник во слободното време. Читателите на списанието Promobil можеа да бираат помеѓу 270 сериски кампери, распределни во 10 различни категории, а вкупно 23 возила беа номинирани за Избор на најдоброто основно возило за кампер.
Врз основа на успесите на Ducato е осмислена и стратегијата за развој на возилото како платформа за проширување уште од почетната фаза. Неговата архитектура е рационална и професионална за активности поврзани со бизнисот, но флексибилна и подобна за рекреативна употреба. Веќе неколку години Ducato, покрај тоа што нуди голема удобност на оние кои патуваат со кампери, може да биде опремен и со дополнителни електронски системи за помош при возење (ADAS). Тие вклучуваат асистенција при ненадејно кочење, помош за одржување во коловозната лента, препознавање на сообраќајните знаци, предупредување за замор на возачот и Интелигентна асистенција за брзината (Intelligent Speed Assist). Ducato FIAT Professional се произведува повеќе од 40 години во фабриката на Атеса во Вал ди Сангро (провинција на Пескара).
Денес заедницата на сопствениците на основно возило за кампер Ducato брои преку 1 милион членови кои патуваат низ Европа. За да им овозможи на корисниците на Ducato спокојно да уживаат во одморот, FIAT Professional со години нуди бесплатна телефонска услуга за помош, резервирана исклучиво за сопственици на кампери во повеќе од 50 земји и на 15 јазици. Обезбедува помош за механички проблеми, но и за други видови информации поврзани со патувањето. На интернет-страницата https://www.fiatcamper.com, достапни се бројни услуги за сите корисници.
Торино, 15 јануари 2024