Ново Скудо: фургон за вистинските професионалци, co удобност како во автомобил

Ново Скудо: фургон за вистинските професионалци,  co удобност како во автомобил

  • Новото Скудо, после E-Ducato, е второто комерцијално возило на Фиат Професионал и во електрична верзија. Уште еден важен чекор на Фиат кон електрификацијата на возилата.
  • Најдобрата понуда на BEV (Batery electric vehicle) во категоријата за бескомпромисно да одговори на професионалните предизвици. Опремено со батерија од 50 или 75 kWh, Новото  E-Скудо е најдобро во категоријата во однос на автономија, која достигнува до 330 km (според циклусот WLTP).
  • “Генијална модуларност “ – Новото Скудо е совршен партнер за професионалците, благодарение на „паметната“употреба на просторот и на капацитетот, на корисната носивост и зафатнина кои се на врвот во категоријата, и сетотоа во здоржани надворешни димензии.
  • Ергономија и модуларност на кабината кои се високо флексибилни, благодарение на “Moduwork”, се придодава можноста за претворање на двојното совозачко седиште во работна маса или како продолжение на товарниот простор. Управувањето е во линија со она кај автомобилите, совршените димензии за градскиот амбиент (максимална висина од 1,9 m), ергономска внатрешност и серија комплетирана со системите ADAS, како и сигурносни функции кои му нудат на клиентот возење без стрес и извонреден комфор, и сето тоа со нула емисии.
  • На располагање со електричен и дизел мотор, со рачен или автоматски менувач, Новото Скудо може да се нарачува во четири верзии и со три должини: фургон, фургон со двојна кабина, кабина со сандак и комби M1.

Модерно и еволуирано возило, сега врз основа на платформата на Стелантис mid-van, Новото Скудо е на располагање со комплетно електричен или пак дизел мотор од последната генерација. Новото Скудо е второто комерцијално возило на Фиат Професионал и во електрична верзија и се придружува на E-Дукато лансирано во месец април годинава со што ја проширува гамата која треба да ги задоволи потребите на каков и да е тип на корисници, кои се професионалци и го доживуваат сопственото возило пред сè како инструмент за работа и извор на примања.

За да ги задоволи овие потреби, Новото Скудо е понудено со серија технички карактеристики кои го прават најдобро во категоријата.

Уште еднаш Фиат Професионал игра улога на главен протагонист во сегментот Д на лесни фургони и се враќа на историското име на производот кое од 2016 се произведува во фабриката на Стелантис во Орден, Франција, како замена за моделот Таленто.

FULL BEV – БЕСКОМПРОМИСНО ВОЗИЛО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Манифестот на „бескомпромисен“ пристап на Скудо-то е отелотворен во карактеристиките на електричната верзија, на врвот на својата категорија благодарение на автономијата до 330 km во циклусот WLTP: идеално решение за оние кои работат во градот и во околните предградија.

Верзијата со нула емисии, исто така, може да се пофали со уникатна флексибилност од гледна точка на работата на клиентите, благодарение на двете големини на батерии (50 и 75 kWh), капацитет на полнење до 11 kW во AC и до 100 kW во CC за полнење на батеријата до 80%, сега уште посодржајна, за само 45 минути.

Носивоста не се менува без оглед на моторот и останува с’ржта на сегментот, со волумен на товарниот простор до 6,6 m3, носивост над 1 t и капацитет на влечење од 1 t.

ПРОФЕСНИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ, УДОБНОСТ КАКО ВО АВТОМОБИЛ

Целната група се состои од професионалци кои го користат возилото 8 или повеќе часа на ден и затоа удобноста е уште еден аспект што сериозно се зема предвид во фазата на дизајнирање. Целта на Новото Скудо е да понуди работа без стрес, благодарение на решенијата како што е позицијата на возачкото место, која е идентична на она на автомобилот, со високо ниво на звучна изолација, за да се минимизираат потресите и вибрациите.

– Благодарение на неговите компактни надворешни димензии (помалку од 5 метри во должина и 1,9 m висина за основната верзија), Новото Скудо лесно се прилагодува на најразновидните намени, но секогаш ја обезбедува потребната подвижност во градската средина;

– Екранот поставен пред очите на возачот, овозможува да се прегледаат најважните информации без да се одвлекува погледот на возачот, со што се намалува стресот;

– Позицијата на возење, идентична со онаа на автомобилот, обезбедува одлична удобност, додека подигнатото седиште обезбедува оптимална видливост на патот. Пристапноста е едноставна и обезбедена со ергономска скаличка кон кабината.

– Држењето на патот, удобноста и филтрирањето на суспензијата се загарантирани во сите услови на возење благодарение на четирите суспензии на независните тркала (предна оска засилена со McPherson со антирол шипка и висечки коси вилушки Wishbone за задната оска) кои ја подобруваат променливата крутост на пружините, со променливи амортизери во зависност од оптоварување (AMVAC), систем кој ја менува амортизацијата според висината на движење на возилото.

БЕЗБЕДНОСТ: СЕРИЈА КОМПЛЕТИРАНА СО СИСТЕМИТЕ ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ADAS

Новото Скудо нуди серија на безбедносни функции и ADAS (Advanced Driver Assistance Systems), 14 вкупно, како што се:

  • автоматско препознавање на патната сигнализација;
  • автоматско кочење при ненадејна потреба кое се активира кога се појавува опасност од судир;
  • Lane Departure Warning, предупредување кога возилото тежнее да излезе од коловозната лента, и
  • Blind Spot Alert, значајна функција која предупредува на пристуство на возила во слепиот агол на ретровизорот при преминување.

Инаку, возилото е опремено и со сигнални системи како што се: преудупредување при наидување на препреки на патот по кој се движи, предупредување при појава на можен директен судир, како и со практична задна камера која дава панорамска прегледност од 180°, и ги олеснува маневрите при паркирање.

За да понуди оптимални перформанси и подобар погон при секакви услови на возење како што се снег, кал или песок, Новото Скудо може да биде опремено со системот Grip Control.

Тука е и екранот кој се појавува пред очите на возачот, head-up display, на кој се појавуваат сите потребни информации за возењето без притоа да треба да го тргне погледот од патот пред него, додека пак предните и задните сензори за паркирање и  задната телекамера која дава панорамска прегледност од 180°, ги олеснуваат маневрите при паркирање.

ГЕНИЈАЛНА МОДУЛАРНОСТ

Новото Скудо кое е комерцијално возило под 360°, а се однесува како автомобил ке, и покрај димензиите, нуди практични и интелигентни решенија. Новото Скудо е на располагање и за превоз на патници, за службени и приватни потреби. Со конфигурација до 9 седишта, кои, во зависност од потребите, може да се преклопат за да се добие повеќе простор за товарење, додека пак разделните прегради на преклопување овозможуваат превоз на три патници повеже во однос на фургонот.

Самите димензии се уште една силна страна на овој модел: co висина од само 1,90 метри, којашто овозможува лесен пристап до приземните магацини, и должина од 5 m (до 5,3 m во Maxi верзијата), Новото Скудо е возило кое може да “превезува што и да е, каде и да е”. За посебните потреби во град, на располагање е ексклузивната везија “S”, која ги нуди сите предности на Новото Скудо во само 4,6 m должина.

Co зафатнина за товарење од 4.6, 5.3 или пак 6.1 m3 во зависност од меѓуоскиното растојание и капацитет до 1,4 t, Новото Скудо гарантира капацитет без компромиси.

Овој модел се карактеризира и со една пособна модуларност на кабината, благодарение на ексклузивниот систем Moduwork, кој го претвора совозачкото седиште во место за работа и е проширување на товарниот простор, за превезување на предмети со должина до 4 m (верзија Maxi) и за зголемување на зафатнината за 0,5 m, со што се зголемува и вкупната зафатнина до 6,6 m3. Возилото е навистина прилично флексибилно за да ги задоволи сите потреби на секаков тип на клиенти, од оние кои се бават со хидраулика, преку бродските конструктори до професионалци кои вршат достава на домашна адреса.

КОНФИГУРАЦИИ И МОТОРИ

За да ја оправда својата флексибилна и повеќенаменска природа, Новото Скудо е достапно во четири конфигурации (фургон, фургон со двојна кабина, кабина со сандак и комби M1.), три нивоа на опременост (Easy, Business и Lounge) и четири дизел мотори покрај електричниот. Целата гама е достапна во електрична верзија, од верзијата фургон, фургонот со двојна кабина до Комби верзијата (со максимум 9 седишта). Ваквата широка палета на производи ја зголемува привлечноста на Новото Скудо за превоз на патници, трансформации на каросерија и на пазарот за рекреативни возила, сектор во кој Фиат Професионал е лидер во Европа.

Мотори за сите потреби. Покрај електричната верзија, опремена со мотор од 100 kW (136 КС), достапни се и четири дизел мотори: 1,5-литарски со 102 или 120 КС,  верзија со 6-брзински рачен менувач; 2.0-литарски 145 КС со 8-брзински рачен или автоматски менувач и верзијата со 177 КС, секогаш во комбинација со ефикасниот 8-брзински автоматски менувач.

Со гама која ги задоволува потребите и на професионалците и на менаџерите на возниот парк, со ефикасни решенија и искуства без стрес кои обезбедуваат континуитет и профитабилност на бизнисот, Новото Скудо е подготвено да стане главен протагонист во сегментот Д на лесни комерцијални возила. Воведувањето на верзии со нула емисии е исто така уште еден чекор во стратегијата за постепена електрификација на гамата на Стелантис и се очекува да предизвика голем интерес кај претприемачите кои водат сметка за профитабилноста на нивниот бизнис, но и за заштитата на животната околина.

Ви треба информација? Разговарајте со нас