НОВО DOBLÒ

БЕЗБЕДНОСТ И ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

17 активни и пасивни безбедносни системи
Новото Doblò е опремено со врвна технологија која ќе ви помогне секојдневното возење да биде уште побезбедно.

СИСТЕМ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА

Со овој безбедносен систем секогаш ќе бидете на вистинскиот пат. Кога системот ќе открие дека може случајно да излетате од вашата лента, постепено го коригира управувањето за да го задржи возилото во неговата оригинална лента.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СУДИР + АКТИВНА БЕЗБЕДНОСНА СОПИРAЧКА

Безбедносната технологија кај новото Doblò ве предупредува доколку постои ризик од преден судир со возило или пешак ја премине вашата патека. Ве предупредува пред судир или дури ја намалува брзината на вашето возило.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗАМОР КАЈ ВОЗАЧОТ + ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПАУЗА

Системот, преку предната камера и движењето на воланот, го следи однесувањето на возачот додека вози. Ако системот детектира намалено внимание кај возачот, активира звучен и визуелен сигнал за да му предложи на возачот да одмори.

МАГИЧНО ОГЛЕДАЛО

Маневрирајте побезбедно со новото Doblò благодарение на 2 камери, една под десниот ретровизор и другата веднаш над задната врата. Три различни погледи се прикажуваат на 5″ дигитален внатрешен ретровизор.

HEAD-UP DISPLAY

Со Head-Up дисплејот ќе бидете свесни за сите важни информации при возењето без да го тргнете погледот од патот. Ќе може да ги следите податоците за брзината, упатствата за навигација и предупредувачките сигнали (ограничувања на брзината, потрошувачката на гориво) на дигиталниот прозирен панел.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ

Со овој иновативен безбедносен систем, новото Doblò автоматски ги открива и препознава сообраќајните знаци со помош на мултифункционалната камера поставена на врвот на ветробранското стакло.

ПРЕГЛЕДНОСТ НА СЛЕПИ АГЛИ

Системот ве предупредува ако друго возило се наоѓа во непрегледните агли.

GRIP CONTROL + HILL DESCENT

Овој уред го оптимизира погонот кај новото Doblò: централната конзола е опремена со контролер благодарение на кој можете да изберете 5 различни режими на возење.

АВТОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ДОЛГИ СВЕТЛА

Оваа функција овозможува автоматско префрлување помеѓу долгите и кратки светла. Светлосниот сноп се прилагодува на сообраќајот кога други возила се приближуваат од спротивната насока.

КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТ НА ПРИКОЛКА

Оваа дополнителна ESP функција го детектира движењето на приколката и делува на системот за сопирање на возилото за да ги стабилизира сите возила опремени со кука за влечење.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ПО НАГОРНИНА

Овој систем го спречува несаканото движење на возилото по нагорнина кога ќе се ослободи педалата на сопирачката.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Во зависност од големината на возилото, новото Doblò ќе открие достапни места за паркирање и ќе го контролира системот за управување, помагајќи ви при маневрирањето. Ќе треба да се погрижите само за забрзувањето и сопирањето.

ОТКЛУЧУВАЊЕ И СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ БЕЗ КЛУЧ

Чувајте го клучот во вашиот џеб. Новото Doblò ќе ве препознае штом ќе се приближите до возилото.

ЗАДНА КАМЕРА

Новото Fiat Doblò има на располагање задна камера што ќе ви помогне со леснотија да ги изведувате и најтешките маневри.

ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ

Новото Doblò е опремено со нови технологии за поврзување, информирање и забава кои ви помагаат да ги постигнете вашите дневни цели со максимална ефикасност.

РАДИО СО 8" ЕКРАН

Системот за информирање и забава има 8″ екран на допир во боја. Со помош на Apple CarPlay и Android Auto™ бидете поврзани со вашиот паметен телефон и безбедно патувајте.

РАДИО СО 8" ЕКРАН СО НАВИГАЦИЈА

3D навигација е интегрирана во системот за информирање и забава со 8″ екран на допир во боја. Ќе ви ги покаже најблиските бензински пумпи, паркинзи, локалната состојба на времето и други точки и места од интерес. Со помош на Apple CarPlay и Android Auto™ екранот од вашиот паметен телефон ќе се прижува директно на дисплејот.

APPLE CARPLAY

CarPlay е најбрзиот и најбезбедниот начин за поврзување со вашиот iPhone додека возите. Сѐ што ви треба се прикажува директно на екранот од радиото. Може да добивате насоки за движење, да остварувате телефонски повици, да разменувате пораки и да слушате музика додека сте фокусирани на возењето. Apple CarPlay го вклучува гласовниот систем Siri, но работи и преку контролните копчиња на воланот и екранот на допир. Сите апликации компатибилни со Apple CarPlay се дизајнирани да обезбедат лесен и интуитивен пристап без да го тргнете погледот од патот.

Google Play и Android Auto се регистрирани тргговски марки на Google LLC.

ANDROID AUTO

Пристапете до вашата содржина или користете ги Google Maps и Google Play Music лесно и безбедно додека сте зад воланот. Android Auto™ ќе ги прикаже сите ваши компатибилни апликации на екранот од радиото. Интуитивно ќе може да пристапите до сите функции кои се нудат преку гласовни команди, контролни копчиња на воланот или преку екранот на допир.

Google Play и Android Auto се регистрирани тргговски марки на Google LLC.

Ви треба информација? Разговарајте со нас