Аутомобиле СK – Скопје како ексклузивен увозник на возилата од марката Fiat Professional е носител на Гаранцијата за возилата купени од неговите овластени продажни места.
Увозникот изјавува дека во период од 7 (седум) години, сметајќи од датумот на продажбата на возилото, ќе обезбеди сервис и резервни делови за потребата на одржување и поправка на возилото на територијата на Република Северна Македонија.
Гарантниот рок на возилото трае 2 години и се смета од датумот на предавање на возилото на купувачот.
Гаранцијата подразбира поправка или замена на било кои делови кои се неисправни и не се поправаат, а неисправностите се резултат на фабричка грешка.
Поправките кои се извршуваат како резултат на гаранциски дефект се бесплатни за купувачот и подразбираат:
Тука не спаѓаат евентуални хотелски трошоци, дневници, рент-а-кар услуги, како и евентуални трошоци за транспорт на возилото до најблискиот овластен сервис, без претходна согласност на увозникот на возилото.
ИЗЈАВА
Потрошувачот ги има сите законски права кои произлегуваат од националните закони со кои се регулира продажбата на производите и овие права не се загрозени со гаранцијата.
УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈАТА
Увозникот е должен преку својата сервисна мрежа да обезбеди правилно функционирање на возилата и отстранување на неисправностите кои се предмет на гаранција.
Во случај на неисправност на возилото, Увозникот е должен да ја отстрани неисправноста во рок од 30 дена. По овој рок клиентот има право да бара замена на возилото или да му се даде заменско возило на користење до оспособување на неговото.
Рокот во кој се изведува поправката завршува на денот кога на купувачот му е испратено званично известување дека возилото е доведено во исправна состојба.
Рекламацијата на поправката може да биде предмет на гаранцијата и вон гарантниот рок доколку е правилно пријавена и за истата е отворен работен налог во еден од овластените сервиси за време на гарантниот рок, но не подолго од 30 дена од отворање на налогот.
Гаранцијата ќе престане да важи, доколку:
ПОПРАВКИ ВО СТРАНСТВО
Доколку треба да ја користите гаранцијата во странство, извршената услуга може да биде бесплатна или пак може да побарате надомест по извршеното плаќање.( Во некои земји не се прифаќа вршење услуга без наплата.)
Доколку од Вас е побарано да платите за извршената гаранциска услуга, потребно е да побарате надомест од Увозникот, во рок од 2 (два) месеца од извршената поправка, при што треба да ја доставите целокупната документација. Увозникот ќе ги надомести трошоците по направениот технички увид во извршените работи и доставената документација.